вторник, 16 јули 2024

Бензема: Многу тешко ми беше да донесам одлука за заминување од Реал Мадрид

Објавено на

часот

Сподели

Бензема реши да ги прифати милионите од Катар, наместо да ја заврши кериерата во Реал Мадрид. Напаѓачот остави огромен траг во шпанскиот гигант, па неговото збогување не беше нималку лесно.

„Тешко ми е да зборувам со толку многу емоции, но сакам да се заблагодарам на Реал Мадрид и моите соиграчи. Ова беше добар пат во мојот живот. Имав среќа што го исполнив детскиот сон“, вели Бензема.

„Никогаш нема да го заборавам Реал Мадрид. Невозможно е, тоа е најдобриот клуб во историјата. Но мислам дека денеска е време да заминам и да почнам нова приказна“.

„Сакав да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, но понекогаш животот ви дава и друга шанса. Многу беше тешко да се донесе одлуката, тоа го направив со моето семејство“.

„Навистина боли, не е лесно, навистина сакав да се пензионирам тука. Јас сум тој што сум поради овој клуб. Секогаш ќе ги гледам натпреварите на Реал Мадрид“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ