вторник, 22 октомври 2024
Ла Лига

Бензема даде гол и доби стоечки овации, Французинот се прости од „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид сезоната ќе ја заврши како вицешампион откако одигра 1-1 против Атлетик Билбао, а Виљареал во последните мигови се избори за 2-2 против Атлетико Мадрид.

По пет минути игра во второто полувреме, Сансет погоди за 0-1 и предност на гостите, но Карим Бензема од пенал во 72. минута постигна гол во својот последен натпревар во белиот дрес.

Французинот потоа беше заменет и доби стоечки овации од публиката на „Сантијаго Бернабеу“ која се прости од својот миленик. По 14 сезони во Реал Мадрид, напаѓачот заминува и ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ