петок, 18 октомври 2024

Бенин го поддржува територијалниот интегритет на Мароко

Министерот за надворешни работи на Бенин, Олушегун Аџади Бакари, изрази поддршка за територијалниот интегритет на Мароко, наведувајќи дека за неговата земја, Планот за автономија претставува единствено веродостојно и реално решение за регионалниот спор околу Сахара.

Објавено на

часот

Сподели

Ова се случи во телефонскиот разговор помеѓу Олушегун Аџади Бакари и неговиот марокански колега Насер Бурита, соопшти мароканското Министерство за надворешни работи во соопштение за печат.

Бенинскиот функционер го увери Бурита дека при разгледувањето на дипломатската и конзуларната карта, тој ќе се заложи за воспоставување на конзуларно присуство во градот Лајоун во мароканската Сахара.

Тој, исто така најави дека ќе ја посети Дахла за да направи увид во економскиот и социјалниот развој на регионот и да воспостави локални партнерства.

Двете страни, кои исто така ја истакнаа важноста на билатералните односи поттикнати од добрата волја на кралот Мохамед VI и претседателот Патрис Талон, ја повторија важноста на активната солидарност и взаемно корисното партнерство како основа на овие билатерални односи.

Двајцата функционери исто така се согласија да ја одржат седмата марокано-бенинска комисија за соработка во Котону на почетокот на 2024 година.

Во овој контекст, тие ја поздравија успешната подготовка на оваа мешовита комисија, одбележана со финализирањето на договори и потпишувањето на меморандум за разбирање во повеќе области на соработка, што ја одразува подготвеноста на двете земји да вдахнат нов живот во одличните заеднички односи.

Насер Бурита, кој ја истакна важноста на човечката димензија во билатералните односи, го информираше својот бенински колега за мароканската одлуката да го зголеми бројот на стипендии за обука за студенти од Бенин. Тој исто така информираше дека во контекст на олеснување на слободното движење на луѓето меѓу двете земји, Мароко ќе го земе предвид визното ослободување за државјаните на Бенин кои поседуваат обични пасоши.

Во меѓувреме, од 1 јануари 2024 година граѓаните на Бенин ќе имаат можност да ја користат е-визата, развиена во 2023 година со братските и пријателски држави на Кралството.

Треба да се напомене дека со отворањето на конзулати на триесетина земји од 2019 година, градовите Дахла и Лајоун за неколку години станаа „олицетворение“ на „дипломатскиот напредок“ што го направи Мароко по прашањето за неговиот територијален интегритет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ