вторник, 22 октомври 2024
Собранието ги избра тројцата потпретседатели

Бендевска се заколна во РС Македонија, Милошоски бил болен, ќе се заколне друг пат

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се новите  потпретседатели на Собранието. За нив гласаа мнозинство од пратениците откако претходно на собраниската Комисија за избори и именувања тројцата беа утврдени како потпретседателски кандидати.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

За Антонијо Милошоски гласаа 69 пратеници, за Јован Митрески се изјаснија 82 пратеници, а за Весна Бендевска гласаа 70 пратеници.

Од тројцата нови потпретседатели заклетва дадоа само двајца, Митрески и Бендевска. Како што кажа претседателот на Собранието, Африм Гаши, Милошоски бил болен и затоа не беше присутен на седницата на која беше избран за заменик на претседателот на Собранието.

Гаши заклетвата дека потпретседателите при вршење на функцијата ќе го почитуваат Уставот и законите на Македонија ја читаше на македонски јазик и го употреби уставното име Северна Македонија. По него повторуваше и пратеникот на СДСМ, Јован Митрески изговорајќи го уставното име на државата.

Бендевска избра друг начин да ја каже заклетвата. Додека го повторуваше текстот што го читаше собранискиот претседател Гаши таа се обврза дека ќе ги почитува Уставот и законите на РС Македонија.

Претходно на инаугурацијата за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова во заклетвата изговори само Македонија, без придавката Северна, но и без зборот Република.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ