вторник, 22 октомври 2024

Белград: Приштина го убива дијалогот за нормализација на односите

Новата рунда преговори за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, која се одржа во вторникот во Брисел, заврши без договор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главниот преговарач на Србија во разговорите со Косово Петар Петковиќ и главниот косовски преговарач Бесник Бислими се сретнаа во вторникот во Брисел во нова рунда преговори на која посредуваше претставникот на Европската Унија Мирослав Лајчак, која заврши без каков било договор.

Соговорниците разговарале за Основниот договор за нормализација на односите, Анексот за негова имплементација, исчезнатите во војната и договорот за енергетика.

Петковиќ на социјалната мрежа Икс денес објави дека Бислими сето тоа „го отфрлил и критикувал“.

Во соопштението за јавност кое Бислими го објави во вторникот се наведува дека српската страна одбила да се вклучи во разговори за одобрување на планот за имплементација и формализација на Основниот договор, врз основа на гаранциите кои биле барани за средбата на лидерите минатата недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ