сабота, 19 октомври 2024

Белгиски судија: Албанската мафија доминира во пристаништето Антверпен

Објавено на

часот

Сподели

Клаис вели дека албанската мафија доминира со пристаништето Антверпен во Белгија, стратегиска точка за движењето на кокаинот, но и дека парите на албанската мафија го уништуваат прекрасниот албански брег.

„Има две причини зошто пишувам книга за албанската мафија. Прво, затоа што Албанија многу ме привлекува. Тоа е преубаво место, со прекрасни луѓе и нечепната природа. Им препорачувам на сите да ја посетат Албанија. И не треба да чекаат предолго, бидејќи на јадранскиот брег се перат големи пари од криминал. Луѓето прават сè за да добијат дозволи за градба. Величествениот брег е под притисок“, вели Клаис.

Додава дека втората причина зошто почнал да ја пишува книгата е тоа што во својот професионален живот имал доста контакти со албанската мафија.

„Таа е сеприсутна и моќна низ Европа, а особено во Белгија“, кажа белгискиот судија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ