сабота, 19 октомври 2024

Белата куќа: САД ќе останат без пари за Украина до крајот на годината

Соединетите Американски Држави ќе останат без средства за поддршка на Украина во наредните недели доколку Конгресот не преземе мерки, најави денеска директорката на Канцеларијата за буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг.

Објавено на

часот

Сподели

Таа во писмо до конгресните лидери рече дека загриженоста за континуираната поддршка на САД за Украина се зголемила по неколкумесечниот конфликт во Конгресот околу владините трошоци, вклучително и воената помош за Украина.

„Не постои волшебно ковчеже за финансирање. Ни снема пари, а речиси и време“, предупреди Јанг.

Од почетокот на инвазијата на Русија во февруари 2022 година, Вашингтон одобри помош од 111 милијарди долари за Киев.

Пентагон искористи 97 отсто од 62,3 милијарди долари што ги доби до средината на ноември, напиша Јанг. Стејт департментот ја искористи целата воена помош од 4,7 милијарди долари што ја доби, која вклучува средства за хуманитарна помош и економска и цивилна безбедносна помош.

„Не можеме да дозволиме Путин да победи“, изјави претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајк Џонсон откако неодамна беше избран на оваа функција.

Стејт департментот, заедно со УСАИД, искористија 100 отсто од 27,2 милијарди долари наменети за економска и цивилна безбедносна помош, која вклучува програми како што е хуманитарно деминирање.

„Овие програми се од суштинско значење за опстанокот на Украина како и воената помош“, рече Јанг, додавајќи дека помагањето на Украина да се одбрани и да ја обезбеди својата иднина како суверена, демократска и просперитетна нација е „во интерес на националната безбедност на САД“.

Според неа, САД сега „немаат пари да ја поддржат Украина во оваа борба, а поддршката што Украина ја добива од САД не може да биде покриена од други“.

Републиканците во Сенатот се заканија дека ќе ја блокираат помошта на почетокот на ноември доколку не се усвојат безбедносни резолуции на јужната граница на САД, што ќе доведе до судир со демократите.

Иако американскиот претседател Џозеф Бајден го потпиша нацрт-законот за привремени трошоци на 16 ноември, со што се спречи претстојното затворање на владата, прашањето за продолжување на помошта за Украина остана нерешено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ