вторник, 23 јули 2024

Белата куќа: Не сме сигурни дека Русија стои зад уништувањето на браната во Каховка

Објавено на

часот

Сподели

„Она што е јасно е дека штетата по украинскиот народ и регионот ќе биде значителна“, кажа портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Џон Кирби.

„Во овој момент не можеме со сигурност да кажеме што точно се случило“, изјави тој, додавајќи дека САД ја надгледуваат ситуацијата и собираат информации.

„Видовме извештаи дека Русија е одговорна за експлозијата на браната, која таа нелегално ја зазема пред една година“, кажа Кирби и додаде дека прават сè за да дојдат до тие извештаи“.

Русија го осуди уривањето на Каховската хидроцентрала нарекувајќи го терористички акт, тврдејќи дека нападот е дело на Киев планиран во рамки на контраофанзивата, соопшти министерството за надворешни работи на Русија.

„Тоа е терористички акт, насочен против инфраструктура која има исклучиво цивилна намена. Киевскиот режим претходно го испланирал во воени цели во рамки на таканаречената офанзива на оружените сили на Украина. Решително го осудуваме уништувањето на Каховската хидроцентрала извршено од оружените сили на Украина, што доведе до хуманитарна и еколошка катастрофа со големи размери“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ