вторник, 22 октомври 2024

Белата куќа: Хамас не би смеел да биде во новата влада на Газа кога ќе заврши војната со Израел

Соединетите Американски Држави сметаат дека проиранската милитантна група Хамас не би смеела да учествува во идната власт на Појасот Газа кога ќе заврши војната со Израел, објави денес Белата куќа. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби кажа на прес-конференција дека САД не поддржуваат постојано населување на цивили од Газа надвор од Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Кирби кажа дека САД не веруваат дека сега е време за општ прекин на огнот, но дека се нужни хуманитарни паузи. Тој истакна дека останувањето на Хамас на власт би било проблематично откако на 7 октомври на југот н Израел милитантната група уби 1.400 луѓе.

„Веруваме дека Хамас не смее да биде иднина на власта во Газа“, кажа тој. „Што ќе биде по конфликтот, ние уште ги немаме сите одговори, но соработуваме со нашите партнери во регионот а да разгледаме како владата во Газа би можела и требала да изгледа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ