вторник, 22 октомври 2024
Изјава на координаторот на Европски фронт

Беџети: За какви било избори во ДУИ сме подготвени во секое време

Во ДУИ и во Европскиот фронт во секое време сме подготвени за какви било избори, за градоначалници, за локални, за парламентарни, изјави координаторото на пратеничката група на фронтот, Блерим Беџети, кој до верификацијата на пратеничкиот мандат беше градоначалник на Општина Сарај.

Објавено на

часот

Сподели

Како доскрешен градоначалник на новинарско прашање како го коментира законскиот предлог на новата власт, наместо да се организираат избори за градоначалници онаму каде што тие функции ќе бидат испразнети или поради прифаќање на пратенички мандат или поради скорешно заминување на некои од нив на нова државна функција, Беџети рече дека не може да коментира додека таков законски предлог не му биде доставен.

„Не можам сега да бидам во улога на експерт, јас сум пратеник и координатор на пратеничката група. Кога ќе го добиеме предлогот ќе заземеме став во Европскиот фронт“, рече Беџети.

Тој исто така не сакаше да коментира дали е оправдано функцијата градоначалник како вршител на должноста да му се довери на член на општинскиот совет и дали тоа ќе има определени финансиски импликации.

„Ако достават предлог закон, тогаш ние ќе се произнесеме. Да не прејудицирам сега како би било кога би било“, рече Беџети.

На прашањето што мисли како на локални избори би поминала неговата партија, Беџети без двоумење рече:

„Ние никогаш не сме бегале од избори. Во ДУИ и во Европскиот фронт во секое време сме подготвени за какви било избори, за градоначалници, за локални, за парламентарни“, нагласи Беџети.

Инаку, Беџети во минатото беше министер за правда, а последната функција, пред пратеничката, му беше градоначалник на Сарај. Тој со изборот за пратеник соопшти дека се повлекува од функцијата градоначалник поради неспојливост на двете функции. Во Сарај веќе е назначен в..д. градоначалник, тоа е членот на општинскиот совет Иљал Весели.

Идејата на новото владејачко мнозинство е наместо во неколку општини да се организираат избори за градоначалници имајќи предвид дека редовните локални избори се кон крајот на идната година, дотогаш да бидат назначени вршители на должноста.

Инаку, покрај Беџети, за пратеник беше избран и лидерот на Беса, од коалицијата Вреди, Биљал Касами, но тој реши да го врати пратеничкиот мандат и да остане градоначалник на Тетово.

Од друга страна, лидерот на дел од Алијанса за Албанците, од истата коалиција Вреди, Арбен Таравари, кој беше кандидат за претседател на Македонија, одлучи да биде министер за здравство и тој ќе ја напушти градоачалничката функција во Гостивар. Поточно, тој беше и првиот политичар кој даде предлог да е се оди на избори и да се менува тој дел од Изборниот законик.

„Не е фер граѓаните два пати во рок од година и неколку месеци да излегуваат на избори, а со тоа и да се прават трошоци за државата“, рече Тараари.

Извесно е дека, барем според тоа што може да се наслушне од политичките кругови, дека вршител на должноста градоначалник ќе добие и Општина Аеродром, бидејјќи Тимчо Муцунски ќе добие министерска функција.

Инаку, никој од политичарите не спомна во своите изјави дали е фер за граѓаните  градоначалникот на една општина таа функција да ја замени со друга пред завршувањето на својот мандат, иако довербата ја добил од граѓаните на локални избори.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ