сабота, 27 јули 2024

Иљал Весели до локалните избори ќе раководи со Сарај, објави Блерим Беџети

Блерим Беџети, кој се повлече од функцијата градоначалник на Сарај откако му беше верификуван пратеничкиот мандат, денеска соопшти дека со Општината до локалните избори в година ќе раководи Иљал Весели, советник во Советот на Општина Сарај.

Објавено на

часот

Сподели

„Му упатив честитки на Иљас Весели за мисијата што ја презеде. Исто така, изразив подготвеност за безрезервна поддршка, со единствена цел Општина Сарај да ја одржи динамиката на реализација на проектите кои се од интерес за сите жители на нашата општина“, информира Беџети со објава на својот фејсбук – профил.

Инаку, според новото законско решение од новата владејачка коалиција во Собранието на Македонија, наместо да се организираат избори во општините каде градоначалниците станале пратеници или ќе заминат во новата влада на мандатарот Христијан Мицкоски, до изборите во декември идната година функциите ќе ги вршат в.д.градоначалници.

Таков ќе биде случајот со Општина Гостивар, доколку се потврдат изјавите од коалицијата Вреди дека градоначалникот Арбен Таравари ќе стане министер за здравство. Исто вршител на должноста ќе добие и Аеродром, доколку Тимчо Муцунски стане министер, како што се зборува во политичките кругови.

Од друга страна, градоначалникот на Тетово и лидер на Беса, која е дел од Вреди, Биљал Касами, продолжува да ја раководи општината бидејќи го врати пратеничкиот мандат. Тој за пратеник беше избран како ноистел во Шестата изборна единица на коалицијата Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ