петок, 18 октомври 2024
Првиот случај на мали сипаници по три години

Бебето болно од морбили добро се опоравува, нема друг случај на заразата, велат од штипската болница

Објавено на

часот

Сподели

Како шпо изјави доктор, Дијана Шишкова-Гајдарџиска, 13-месечното дете од Свети Николе е во добра здравствена состојба и за цело време дома било без температура и без некакви потешкотии, без кашлица, со добра исхрана и пиење течности.

„Наодот на белите дробови беше уреден, во добра состојба и назаначени се препораки за понатмошно домашно лекување. Затоа што сега следува период на опоравување на детето“, вели докторката.

д-р Гајдаџиска-МИА

                                                                                                       Д-р Дијана Шишкова-Гајдарџиска

Таа вели дека будно состојбата ја следат педијатрите и матичните лекари и дека секој сомнителен случај се препраќа на штипското Инфективното одделение.

„Имаше пациенти со осип по кожата, постоеја сомнеавања за морбили, но дијагностицирањето покажа дека се работи за други кожни заболувања“, рече Шишкова-Гајдарџиска.

Болното бебе од Свети Николе е прв случај на морбили по три години во Македонија,. Пред три години беше прогласена епидемија на оваа заразна болест, а од Комисијата за заразни болести многу пати предупредија дека појавата на малите сипаници се должи на намалувањето на процентот на вакцинирани деца поради одбивање на родителите нивните деца да бидат имунизирани, потпаднати под влијанието на лажните и антиваксерските објави по социјалните мрежи. 

Наместо некои болести да бидат искоренети благодарение на вакцините и достигнувањата на медицината, се соочуваме со ризикот од појава на болести кои требаше да бидат искоренети, рекоа од Комисијата.

                                                                                                                                Фото: МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ