Откако запнаа преговорите со Нико Вилијамс, Барселона се обидува да го комплетира трансферот на Дани Олмо.
Последните информации велат дека Шпанецот прифатил да се врати дома и со „каталонците“ си подал рака за соработка до 2030 година.
Барселона исто така испрати нова понуда до РБ Лајпциг вредна над 60 милиони евра, составена од 55 милиони евра како загарантиран дел, 4 додатни милиони евра во лесно остварливи бонуси и 3 додатни милиони евра во потешко остварливи бонуси.
Сепак, се пишува дека и ова не е доволно за „биковите“ да дадат зелено светло, проблем е начинот на кој ќе се исплаќа сумата, РБ Лајпциг инсистира да добие што е можно поголем дел од трансферот во следните месеци.