вторник, 22 октомври 2024

Барселона почнува преговори за откуп на Кансело и Феликс

Претседателот на Барселона, Жоао Лапорта потврди дека клубот наскоро ќе почне преговори за откуп на Жоао Кансело и Жоао Феликс кои оваа сезона играат на позајмица во каталонскиот клуб.
 

Објавено на

часот

Сподели

Барса ќе почне преговори со Манчестер Сити и со Атлетико Мадрид за перманентни трансфери на Жоао Кансело и Жоао Феликс.

Двајцата португалски фудбалери ги оправдаа очекувањата, оставија впечаток и покажаа дека можат да бидат важни играчи за иднината на клубот.

„Се разбира дека сме заинтересирани да ги задржиме двајцата Жоао во Барселона. Планираме наскоро да почнеме преговори бидејќи Деко го планира најдобриот начин за преговори. Како што знаете, Атлетико Мадрид и Манчестер Сити се два клуба со кои имаме добар однос“, потврди Лапорта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ