сабота, 19 октомври 2024

Барселона го комплетираше трансферот на Иниго Мартинез

Објавено на

часот

Сподели

32-годишниот централен дефанзивец стави потпис на двегодишен договор со Барселона.

Иниго Мартинез во Барселона пристигнува како слободен фудбалер. Тој потекнува од академијата на Реал Сосиедад каде ја почна и сениорската кариера. Во последните пет сезони играше за Атлетик Билбао. Тие беа единствените два клуба во неговата кариера, сега на ред е Барса.

Мартинез во договорот со Барселона ќе има откупна клаузула од 400 милиони евра.

Тој е второ засилување за Барса во овој преоден рок, претходно Илкај Гундоган потпиша за гигантот од Каталонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ