петок, 22 ноември 2024
Царинска управа

Барале дрога, а откриле стока со вкупна тежина од 1,2 тони, ќе се проверува точноста на документите

Вчера во попладневните часови, на патниот правец Петровец – Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на ЦИ Аеродром Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства.

Објавено на

часот

Сподели

Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото.

„Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1,2 тони. За прегледот е побарана асистенција и од крим полиција, а за случајот е известено и надлежното основно јавно обвинителство. Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, ќе бидат покренати соодветни постапки“, информираа од Царината.

Дел од медиумите денес објавија дека на подрачјето на Скопје од МВР синоќа запленила мобилни телефони во вкупна маса од два тони, наменети за црниот пазар.

Според неофицијални информации, станува збор за околу 5.000 мобилни телефони и вкупната вредност би можела да достигне до 5 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ