петок, 22 ноември 2024

Банките апелираат да не се отвораат сомнителни СМС и други пораки

Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните картички. Во известувањата од банките се апелира граѓаните да не отвараат линкови од сомнители СМС пораки и да не споделуваат податоци од картичките. Банките предупредуваат дека е забележана измамничка кампања зад која стои лажна веб страница која се испраќа преку СМС и е-маил пораки со цел злоупотреба на податоците од картичките.

Објавено на

часот

Сподели

„Заштитете ги вашите платежни картички од можна злоупотреба и не кликајте на линк добиен преку СМС или е-маил порака за наводна ‘погрешна адреса’ или ‘вратена пратка’. За да се заштитите од злоупотреба, вооопшто не споделувајте податоци од картичката на сомнителни страници“, стои во дел од соопштенијата од банките.

Оттаму укажуваат дека доколку граѓаните ги внеле податоците од нивната картичка, потребно е веднаш да се јават во контакт центарот на матичната банка за да се блокира картичката.

Инаку, по социјалните мрежи граѓани објавуваат дека биле измамени на ваков начин. Во една објава е наведено дека во моментите кога се јавувала во банка за да се блокира нејзината сметка, измамниците собрале 850 евра, во три трансакции по 250 и во една во износ од 100 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ