сабота, 19 октомври 2024

Балканска безбедносна мрежа: Командант на Азов се пријавил да се бори на Косово, но „Србите се откажале“

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува порталот, Билецки во 1999 година одлучил да се пријави во доброволци со „група идеалисти“ за војната на Косово, но „Србите се откажале“ додека процедурата за нивниот прием била во тек.

„Еден од командантите на ВЈ на Кошаре Љубинко Ѓурковиќ во првото сведочење во јавност во 2014 година за сега веќе славната битка изјавил дека во рамки на интернационалниот одред доброволци имало и борци од „западниот дел на Украина“. Учесниците во борбите наведуваат дека тогаш шест Украинци биле во редовите на ВЈ на првата линија на фронтот на Проклетии. Никој не ги поврзувал со каква било политичка организација и се покажале како добри борци“, се наведува.

Порталот наведува дека на Косово имало најмногу доброволци од Русија, додека Украинците биле во таканаречениот меѓународен одред составен од триесеттина борци од повеќе европски земји – Британија, Шведска, Финска и Франција.

„Тогаш студент по историја и член на десничарска организација Андреј Билецки решил „со група идеалисти да оди на Косово, бидејќи тоа му се чинело како војна на христијанска земја против исламскиот фактор“. Меѓутоа, како што кажал Билецки во едно интервју, кога тој и неговите пријатели ги собрале сите документи и ги однеле во амбасадата на СР Југославија, „Србите се откажале““, се наведува.

По НАТО бомбардирањето украинските војници беа во составот на полскиот контингент и под команда на американската војска.

Украинскиот контингент беше во КФОР од летото 1999 до средината на ова лето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ