вторник, 22 октомври 2024

Балансерот оди во историја, се подготвува закон за еднаква застапеност

Балансерот се укинува. Премиерот Христјан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари ќе бараат заедничко законско решение кое ќе им одговара на сите граѓани, како замена на балансерот.

Објавено на

часот

Сподели

Според Мицкоски бришењето на балансерот е по препорака на скрининг процесот на ЕУ, а тезите дека со тоа им се одземаат права на заедниците се неточни и доаѓаат од политичари кои ги ограбуваа граѓаните без разлика на етничката припадност.

Од коалицијата Вреди велат дека балансерот сепак ќе биде заменет со посебен закон за правична застапеност, а најавуваат и наменски инспектор кој ќе врши надзор во институциите доколку правичната застапеност не се почитува.

Таравари вели дека се бара соодветна замена за балансерот преку законско решение кое би важело при формирањето на новите министерства и ќе направи систематизирање онаму каде што е потребно. Оние кои што земаат плата, а не работат ќе бидат отпуштени од работа, изјави Таравари и најави дека ќе бидат укинати економските директори на клиниките.

„Сите луѓе кои одат на работа, никој нема да биде отпуштен, ви гарантирам. А тие кои не одат на работа, да. Ќе има систематизирање на вработените во институциите таму каде има потреба. Ве уверувам дека лицата кои се вработени и работат, ниту еден од нив нема да биде отпуштен“, вели Таравари.

Новиот закон за еднаква застапеност ќе значи унапредување и ќе гарантира еднаквост и меритократија во текот на вработувањата, кој нема да го почитува, ќе се соочи со законот, вели вицепремиерот Изет Меџити.

„Доколку направиме споредба на механизмот со законот, не е укинување туку унапредување. И во минатото требаше да го замениме механизмот со закон бидејќи законот има поинаква правна тежина. Законот ги обврзува и тие кои сакаат и тие кои не сакаат да го спроведат бидејќи доколку не го почитувате законот ќе се соочите со законско прекршување. Било да е директорот Албанец или Македонец, или било да е министерот Албанец или Македонец“, порача Изет Меџити.

Балансерот има задача да гарантира етничка еднаквост во текот на вработувањата во јавниот сектор, врз основа на последниот попис на населението. Секоја институција кога објавува оглас за вработување, на крајот на огласот треба истакне од која етничка заедница треба да биде лицето кое ќе аплицира за работа. Сепак, ова во повеќе наврати беше злоупотребено до граѓаните. Многу Македонци или други се изјаснија дека се Албанци и обратно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ