сабота, 19 октомври 2024

Бајденовиот вучјак за четири месеци каснал седум припадници на Тајната служба

Објавено на

часот

Сподели

„Двегодишниот Командер на претседателот Бајден, германски овчар, касна седум лица откако кучето на Бајден, Мајор, беше исфрлено од Белата куќа поради слично агресивно однесување“, се вели во соопштението на групата.

Еден од офицерите на Тајната служба, кој кучето на Бајден го касна за раката и бутот, мораше да биде хоспитализиран, а друг агент бил нападнат од Командер кога Бајден го донел кучето откако гледал филм со семејството, пренесува порталот.

„Наместо да ги заштити своите агенти, Тајната служба се обиде незаконски да скрие документи за злоупотреба на своите вработени од страна на семејството Бајден“, рече претставникот на Џудишал воч, Том Фитон.

Како што пренесува Њујорк пост, извештаите за нападите на Командер врз луѓе се ограничени на периодот од септември 2022 година до јануари 2023 година, а веројатно може да ги има и повеќе.

јхј

Во 2021 година, медиумите објавија мејлови од членовите на претседателското обезбедување, во кои се наведува дека уште едно од кучињата на Бајден, Мајор, речиси секојдневно касало луѓе.

Вниманието на медиумите го привлече тоа што Белата куќа објави само два вакви „ситни“ инциденти, додека, судејќи според објавената кореспонденција, имало многу повеќе.

По неуспешните обиди да го обучи Мајор, Бајден го предал на згрижување кај семејни пријатели.

На почетокот на својот мандат во Белата куќа, Бајден понел два германски овчари, од кои едниот угинал во јуни 2021 година, а во декември истата година Бајден објавил дека добил кученце германски овчар по име Командер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ