четврток, 25 јули 2024

Бајден за прв пат нема да присуствува на најважниот светски самит за климатски промени

Објавено на

часот

Сподели

Голем број светски лидери го најавија своето присуство на 28-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени (КОП28), која ќе се одржи од 30 ноември до 12 декември 2023 година во Експо Сити во Дубаи.

Њујорк тајмс се повикува на високи претставници на Белата куќа кои велат дека претседателот Бајден е посветен на напорите да се преговара за продолжување на примирјето во Газа за да се овозможи ослободување на израелските заложници киднапирани од палестинското исламистичко движење Хамас.

Специјалниот американски претставник за климата Џон Кери, првиот човек на владата на Бајден за меѓународни преговори за климатската криза, ќе ги претставува САД во Обединетите Арапски Емирати, каде ќе се соберат претставници на околу двесте земји. Бајден учествуваше на последните два самити за климата, во Шкотска и Египет.

Претходно во ноември, Бајден ја опиша климатската криза како „крајна закана за човештвото“. Учесниците на самитот КОП28 треба да постават нови цели за користење на обновливите извори на енергија. Финансиските проценки на штетите и загубите ќе доминираат на самитот, кој треба да одговори и на прашањата дали светот е на вистинскиот пат да ја контролира климатската криза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ