80-годишниот американски претседател брзо се крена на едно колено, вели Ројтерс, со помош на три лица, и се врати на своето место.
Додека другите му помагаа на Бајден, тој покажа зад себе, како да сака да укаже на што се сопнал.
Директорот за комуникации на Белата куќа Бен Лаболт на Твитер објави дека Бајден е добро. „Имаше вреќа со песок на бинната додека тој се ракуваше“, објасни тој.
Пред да падне, Бајден во обраќањето ги предупреди дипломците дека ќе стапат во служба во еден сè понестабилен свет, наведувајќи ги предизвиците од Русија и Кина.
Бајден се кандидира за реизбор во 2024 година. Лекарите го прогласија за здрав и способен за должност по физичкиот преглед во февруари.