понеделник, 21 октомври 2024

Бајден пристигнува во Хирошима, нема да се извини за фрлањето на атомската бомба

Објавено на

часот

Сподели

Во петок тој треба да го посети Меморијалниот музеј Хирошима со останатите шест лидери и да учествува во церемонија на положување венци и садење цвеќе со своите колеги од Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Британија. Некои јапонски политичари побараа од САД официјално да се извинат за бомбардирањата на Хирошима и Нагасаки на крајот на Втората светска војна.

Барак Обама, првиот американски претседател кој го посети меморијалот во 2016, исто така не се извини за употребата на нуклеарно оружје. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливен им порача на новинарите дека настанот на кој Бајден присуствува не е соодветен за таков гест.

„Претседателот нема да даде изјава во Меморијалниот парк на мирот. Ќе учествува со другите лидери на Г7 во положувањето венци и неколку други настани, но тоа не е, од негова перспектива, билатерален момент“, додаде Саливен. Кажа дека Бајден доаѓа како „еден од лидерите на Г7 кои ќе искажат почит“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ