вторник, 22 октомври 2024

Бајден повторно го нарече Трамп „осуден престапник“

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп „осуден престапник“, наведувајќи дека Трамп „врши општ напад на правосудниот систем и планира да се одмазди доколку освои втор мандат“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„За првпат во американската историја, поранешен претседател е осуден криминалец и сега ја бара функцијата претседател“, кажа Бајден на настан за својата кампања во сојузната држава Вирџинија, пренесува Вашингтон тајмс.

Бајден оцени дека е очигледно дека Трамп сега е загрижен за зачувување на својата слобода.

Бајден претходно овој месец, во рамки на својата кампања, прв пат го нарече Трамп „осуден престапник“ и кажа дека ќе претставува уште поголема закана ако освои уште еден претседателски мандат.

Тој ги засили нападите врз Трамп, укажува американскиот весник, наведувајќи дека тимот на Бајден почна рекламна кампања вредна 50 милиони долари која ќе се фокусира на тоа дека Трамп е осуден.

Рекламата е наречена „Карактерот е важен“, трае 30 секунди и се наведува дека граѓаните на САД на претседателските избори во ноември ќе бираат меѓу „осуден криминалец кој се бори само за себе“ и претседателот „кој се бори за вашето семејство“.

Според анкетите, Бајден и Трамп остануваат изедначени во поддршката на гласачите на помалку од пет месеци до изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ