вторник, 22 октомври 2024

Бајден повика на „пауза“ во борбите меѓу Израел и Хамас

Американскиот претседател Џо Бајден повика на „пауза“ во борбите меѓу Израел и Хамас за да се овозможи ослободување на заложниците, како одговор на повикот на прекин на огнот од жена во публиката на предизборната кампања во Минесота.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека ни треба пауза. Пауза значи да се даде време за заложниците да се извлечат“, рече тој. Белата куќа подоцна соопшти дека претседателот мислел на хуманитарната помош и 240-те заложници кои ги држи Хамас.

Жената била придружувана од обезбедувањето додека извикувала „прекин на огнот сега“, додека Бајден рече дека ситуацијата е „неверојатно комплицирана“ и за Израелците и за муслиманскиот свет.

„Го поддржав решението за две држави, го подржувам од самиот почеток“, додаде тој. „Факт е дека Хамас е терористичка организација. Чиста терористичка организација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ