вторник, 22 октомври 2024

Бајден потпиша зголемување на лимитот за задолжување. Америка избегна банкрот

Објавено на

часот

Сподели

Оваа недела, Конгресот на САД прифати текст кој овозможува укинување на горната граница на американското јавно задолжување до јануари 2025 година и поставува одредени буџетски цели.

Претседателот им се заблагодари на парламентарните лидери, вклучувајќи го и републиканскиот лидер Кевин Мекарти, за нивната „соработка“ при донесувањето на законот, се вели во соопштението на Белата куќа во саботата.

Без тој закон, кој во четвртокот го потврди демократското мнозинство и во средата Претставничкиот дом со републиканското мнозинство, земјата веќе во понеделник на 5 јуни би била во ситуација да не може да ги врати долговите.

„Ништо не би било понеодговорно и попогубно“, рече американскиот претседател во петокот во официјалното обраќање од Овалната соба.

„Тешко е да се постигне консензус меѓу партиските поделби. Единството е тешко. Но, никогаш не смееме да се откажеме од обидите“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ