петок, 25 октомври 2024

Бајден конечно ќе им се извини на Индијанците (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден ќе упати денес официјално извинување до заедницата на Индијанците, за злосторствата извршени над домородното население во Северна Америка за време на постоењето на индијанските интернати од 1819 до 1970-тите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во тој период владата на Соединетите Американски Држави формирала и поддржувала индијански интернати низ земјата чија цел била асимилација на децата на домородците на Алјаска, американските Индијанци и домородците на Хаваи во културата на белците.

Бајден најави дека извинувањето ќе го упати во Аризона, оценувајќи дека тоа требало одамна да биде направено.

Многу деца во тие интернати биле подложени на емоционално и физичко злоставување, а некои биле убиени, соопшти министерството за внатрешни работи на САД.

Откако Бајден стана претседател, министерката за внатрешни работи Деб Халанд и нејзиното министерство ја спровеле првата федерална истрага за индијанскиот интернатски систем.

Во САД имало повеќе од 400 такви установи за повеќе од 150 години.

Халанд е првата американска министерка од редовите на домородните Индијанци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ