вторник, 22 октомври 2024

Бајден: Ќе им се спротивставиме на диктаторите како Путин (ВИДЕО)

Откако неговата дебата со поранешниот американски претседател мина полошо од очекуваното, актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави Џо Бајден се обрати на предизборен митинг во Северна Каролина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првата дама на САД, Џил Бајден, прво го претстави својот сопруг и имплицирано ја намали загриженоста околу неговиот настап против Доналд Трамп во дебатата.

„Не постои никој кој повеќе би сакала да седи во Овалната канцеларија од мојот сопруг“, истакна таа.

Бајден им се обрати на поддржувачите по својата сопруга, по што толпата му скандираше „Уште четири години“.

„Тука сум во Северна Каролина бидејќи настојувам да победам во ноември. Ако победиме тука, ќе победиме и на изборите“, истакна Бајден.

Американските медиуми оценуваат дека актуелниот претседател подобро се однесувал и владеел со својот говор отколку на дебатата во четвртокот. Поддржувачите го прекинале два пати, но Бајден се држел до својот говор, нешто што не му успеваше на дебатата со Трамп.

„Ќе обезбедиме чиста вода за пиење, пристап до брз интернет, квалитетно образование за секое дете во Америка, ќе ја обезбедиме нашата граница и ќе ја заштитиме легалната имиграција. За разлика од другиот тип (Трамп), ние ќе им се спротивставиме на диктаторите како (рускиот претседател Владимир), бидејќи Америка не му се поклонува на никого“, наведе Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ