сабота, 19 октомври 2024

Бабунски: Не сме во позиција да потценуваме ниту еден противник

Македонија во сабота со почеток од 15 часот гостува на Фарски острови во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на нации.

Објавено на

часот

Сподели

Капитенот на Данди јунајтед, Давид Бабунски е оптимист во пресрет на дуелот, но вели дека не смееме да го потцениме противникот.

„Тоа што се случуваше досега треба да ни служи за да извлечеме лекции, да научиме од минатите грешки за да напредуваме. Како екипа мислам дека не сме во позиција да потценуваме ниту еден противник, особено во денешниот фудбал кога сите се добро подготвени. Ќе мора да ги запазиме основните принципи во играта за трка, одговорност и тактичка дисциплина. Се надеваме дека доколку тоа успееме да го исполниме, нашиот квалитет ќе ни овозможи да направиме разлика и да победиме“, вели Бабунски.

„Се чувствувам многу добро, среќен сум во новата средина во Данди. Имам континуитет и чувствувам дека сум во форма. Тука сум да се ставам во функција на тимот во било која улога селекторот ќе мисли дека можам да помогнам. Физички сме поподготвени бидејќи доаѓаме од припремен дел, по првите натпревари во сезоната. Не би требало да имаме проблем од тој аспект“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ