Во дискусијата на министерскиот панел, Азески истакна дека конференцијата покажа прецизност и јасност во изградените политики, и дека и приватниот сектор мора да сфати дека треба да партиципира со засилена инвестициска активност и нови вработувања, што значи ставање во функција на сите можности кои значат зголемување на извозот, продуктивноста и конкуренцијата.
Позитивно беше оценета заедничката платформа изразена преку Стратегијата за паметна специјализација која се имплементира со помош и поддршка на земјите членки на ЕУ кои се помагачи во овој процес, како Словенија и Хрватска.
„Сè на сè, една невообичаена дискусија за напредните алатки во интерес на компаниите, но и за зголемување на имплементационата моќ во земјоделието, енергетската ефикасност, ИКТ кои мора да претставуваат моторна сила на новиот развој.
Конференцијата на ОЕЦД за Југоисточна Европа во Париз, во чиј фокус беше градењето перспектива за поттикнување на конкурентноста на Западен Балкан во 2024 година, ги собра високите претставници од ОЕЦД, Европската комисија, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), како и бројни министри, заменици премиери и државни секретари од земјите на ЕУ и ЈИЕ кои ги истражуваа стратегиите за олеснување на социо-економската конвергенција на регионот на Југоисточна Европа кон стандардите на ЕУ и ОЕЦД“, соопшти Стопанската комора на Македонија.