петок, 18 октомври 2024

Автомобил „собра“ столпчиња и два контејнери на бул. Партизански одреди

Објавено на

часот

Сподели

Коплетно беа уништени два пластични контејнери со зафатнина од 3,2 м3,., соопштија од ЈП Комунална хигиена – Скопје.

„По добиената пријава екипите на претпријатието веднаш излегоа на терен при што е констатирано дека двата контејнера лоцирани на булеварот Партизански одреди бр.49 се целосно уништени и неупотребливи. Во најкус можен рок, садовите беа заменети со нови, со цел да не се наруши динамиката на одлагање , собирање и транспорт на комуналниот отпад на оваа локација“, изјави в.д. директорката на ЈП Комунална хигиена- Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

потоа

Во текот на изминатите неколку дена,додаде таа, забележано е опожарување на два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот АСНОМ, во општината Аеродром, како и на улицата Владимир Полежиновски, во општината Центар.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија замена на опожарените контејнери и на посочените локации се поставени нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ