петок, 18 октомври 2024

Австрискиот канцелар: Путин е спремен да преговара за украинскиот извоз на житарки

Објавено на

часот

Сподели

Путин кажа дека Црвениот крст ќе добие пристап до воените заробеници, додаде Нехамер. Москва, според него, покажала флексибилност во решавањето на проблемот со извозот на украинските житарки кој го блокира Русија. „Путин сигнализираше дека е спремен да дозволи извоз преку морските пристаништа“, кажа австрискиот лидер.

За таа цел пристаништата би требало да бидат исчистени од мините, истакна Нехамер. Путин му кажал и дека не треба Русија да ја обвинува за проблемите со ланците за снабдување со храна. Австрија се обидува да го продолжи дијалогот со сите страни на конфликтот во согласност со својата традиција на „активна неутралност“.

Нехамер кажа и дека разговарал и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој планира во следните денови да им пристапи на завојуваните страни за повторно да почне преговарачкиот процес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ