недела, 20 октомври 2024

Австрија одлучи што ќе прави со родната куќа на Хитлер

Објавено на

часот

Сподели

„Уривање или музеј не доаѓа предвид. Полициска станица и образовен центар за полицајци е соодветна намена која ја покрива моралната, политичката и правната димензија на ова место“, кажа историчарот Оливер Ратколб од експертската комисија која се бавела со прашањето за намената на зградата во која во 1889 година бил роден идниот германски диктатор Адолф Хитлер.

Хитлер со своето семејство таму живеел само неколку месеци по раѓањето. Зградата во центарот на Браунау ам Ин, кое се наоѓа на самата граница со Германија, од 2017 година е во сопственост на државата.

Куќата ѝ била одземеа на претходната сопственичка по повеќето неуспешни обиди зградата да се откупи. Национализацијата на зградата, како што беше тогаш соопштено, требаше да спречи зградата да стане место на собирање на неонацистите.

Со години во зградата се наоѓал центар за лица со посебни потреби. На крајот на судскиот процес поранешната сопственичка сепак се согласила на откупна цена од 1,5 милиони евра.

Уредувањето на зградата и пренамената во полициска станица би требало да почне оваа есен и да заврши во 2025. Се проценува дека пренамената ќе чини 20 милиони евра. Комисијата драстичниот пораст на цената со почетно проценетите пет милиони евра го објаснила со порастот на цените по пандемијата и дополнителните градежни зафати кои ги бара полициската станица.

Одлуката во родната куќа на Адолф Хитлер да се сместат полициска станица и центар за обука на полицајци наиде на критики во јавноста. Во едно истражување на јавното мислење повеќето анкетирани сакале во куќата да се отвори некаков вид на меморијален центар кој би се соочувал со темата на националсоцијализмот. Четвртина од анкетираните сметале дека зградата треба да се урне.

Комисијата го отфрлила уривањето како варијанта објаснувајќи дека таквиот чин во светот би можел да се протолкува како „бегање на Австрија од сопствената одговорност“.

„Куќата ќе стане дом за најбројната австриска институција за заштита на човековите права, а тоа е полицијата“, кажа членот на комисијата Херман Фајнер за ОРФ.

Според мислењето на членовите на комисијата, решението за стационирање и школување полицајци има и „безбедносен аспект“ сметајќи дека пред полициска станица нема да се собираат следбениците на нацистичкиот диктатор.

Каменот со натписот „За мир, слобода и демократија – никогаш повеќе фашизам – милионите мртви предупредуваат“ треба да остане на истото место и по пренаменувањето.

Во минатото имаше обиди да се докаже дека Хитлер не бил роден во Браунау, туку од другата страна на реката во германското гратче Симбах ам Ин каде таткото на Хитлер Алојз работел како царински службеник. Еден германски историчар тврдеше дека има докази дека Хитлер бил роден во Симбах каде неговата мајка на својот сопруг му носела вечера на работното место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ