петок, 25 октомври 2024

Австриецот Фрицл, кој 24 години ја силувал сопствената ќерка, останува во психијатриска болница

Австриски суд соопшти денес дека ја поништил одлуката на понискиот суд 88-годишниот инцестуозен силувач Јозеф Фрицл да биде префрлен во редовен затвор од затворска психијатриска единица, но го врати случајот во тој суд за нова одлука.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фрицл, кој го смени презимето во Мајрхоф, ја силувал својата ќерка и ја држел затворена 24 години, а силувањата резултирале со раѓање на седум деца. Случајот привлече светско внимание кога излезе на виделина во 2008 година.

Тој е во затвор за душевно нарушени затвореници откако во 2009 година беше осуден за инцест, силување, заробување, присила и убиство на новороден син поради негрижата во ќелијата која тајно ја изградил под својата куќа.

Фрицл поднел барање за преместување во редовен затвор, тврдејќи дека како постар, слаб човек повеќе не претставува закана.

Судот во градот Кремс ан дер Донау нареди трансфер во јануари, но обвинителите поднесоа жалба со цел поништување на таа одлука до вишиот покраински суд во Виена.

„За разлика од првостепениот суд, вишиот суд во Виена заклучи дека фактите потребни за такво условно пуштање сè уште не се во целост утврдени“, се наведува во судското соопштение.

Одлуката на понискиот суд е поништена со наредба да се утврдат повеќе факти пред носење нова одлука.

Фрицл боледува од напредна деменција, но можел да ја следи кратката судска постапка во јануари кога било одредено негово условно пуштање на слобода, кажала неговата адвокатка Астрид Вагнер.

„Судот нареди дополнување на лекарскиот извештај и ново сослушување на затвореникот на крајот на април“, кажа портпаролот на судот во Кремс за одлуката на судот во Виена.

Од редовен затвор Фрицл би можел да поднесе барање за целосно пуштање од затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ