сабота, 19 октомври 2024

Австралиски долари со ликот на Чарлс Трети наскоро во оптек

Извршниот директор на Кралската монетарна парична единица за Австралија, Ли Гордон најави дека до Божиќ околу 10 милиони златни монети – австралиски долари ќе биде во оптек.

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од една година по смртта на британската кралица Елизабета Втора, ликoт на сегашниот британски крал Чарлс Трети наскоро ќе се појави на австралиските долари, соопштија денеска властите.

Златниот австралиски долар ќе биде прв со ликот на новиот британски монарх, кој официјално е и шеф на државата Австралија. Извршниот директор на Кралската монетарна парична единица за Австралија, Ли Гордон најави дека до Божиќ околу 10 милиони златни монети – австралиски долари ќе биде во оптек.

Според австралискиот помошник министер за финансии, Ендрју Ли, Владата не сакала да брза со паричните промени по смртта на кралицата.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ