вторник, 22 октомври 2024

Австралија: Пријателски го предупредуваме Израел

Австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг, го повика Израел да „слуша“ кога неговите пријатели бараат од него да ги заштити животите на невините во Газа и предупреди дека светот „нема да прифати непрестајна смрт на цивили“.

Објавено на

часот

Сподели

Нејзините коментари се одраз на сè погласните повици на австралиската лабуристичка влада до Израел да ја минимизира смртноста на цивилите во Газа. Австралиската министерка за надворешни работи рече дека цивилите од двете страни се „убиваат во ужасен, трагичен конфликт“.

„Тоа е ужасен, трагичен судир. Гледаме загуба на живот. Гледаме цивили убиени од двете страни на конфликтот“, изјави Вонг за Радио нешнел, додавајќи: „Видовме цивили од двете страни во голема болка. Сè уште имаме израелски заложници, кои Хамас сè уште ги држи“, додаде таа.

„Кога пријателите на Израел го повикуваат Израел да го заштити животот на цивилите, како што правиме ние, од клучно значење е Израел да слуша“, рече Вонг.

Нејзината изјава доаѓа по писмото потпишано од шест поранешни австралиски премиери во кое се изразува солидарност со еврејската и палестинската заедница и се сугерира дека „терористите ќе победат ако нивните срца се полни со омраза“.

Австралија беше меѓу 45-те земји – вклучувајќи ги Британија, Германија, Индија и Канада – кои се воздржаа од гласање за предлогот на Генералното собрание на ОН со кој се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот. Австралија тврди дека предлогот е „нецелосен“ бидејќи не го осудува директно Хамас за нападите на 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ