вторник, 22 октомври 2024

Аврамовска-Мадиќ: Петровска има право на свои забелешки

Лично право е на кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска да има забелешки на изборниот процес, изјави денеска претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ откако Петровска претходно денеска ги повика останатите тројца кандидати да се откаже внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата поради злоупотреба на личните податоци.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, денеска изјави дека изборите во недела ќе се одржат, додека во врска со забелешките на Петровска рече дека тоа е нејзино право.

– ЦИК работеше напорно за да може да спроведе транспарентен и демократски процес. По продолжување на рокот по барање на општинските организации, на 23-ти вечерта го затвори, потоа добивме приговори од одредени општински организации, дел беа прифатени, дел не. Сега можеме да соопштиме дека избирачкиот список којшто ќе се најде на избирачките места којшто ќе се најде во недела ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ и ќе можат да го остварат правото на гласање на 77 избирачки места, изјави Мадиќ.

Додаде дека само кандидатката Петровска не доставила предлог-контролори за избирачките места.

– Останатите тројца доставија предлог контролори за избирачките места кои што ќе ја следат работата во недела, освен кандидатката Славјанка Петровска која не достави предлог-контролори, рече Мадиќ.

Покрај Петровска, кандидати за лидер на партијата се и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и поранешниот заменик министер во МИОА, Александар Бајдевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ