сабота, 5 октомври 2024

Авиокомпанијата „Емирати“ им забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи

„Емирати“ им забрани на патниците да носат пејџери или воки-токи на сите летови до, од или преку Дубаи, според упатствата за патување. Забраната се однесува и на пријавен и на кабински багаж, објави Ал Арабија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Се наведува дека полицијата во Дубаи ќе ги конфискува сите забранети уреди доколку ги најде. Во бранот експлозии на пејџери и воки-токи во Либан во септември загинаа 32 лица, а илјадници беа повредени.

Водечката авиокомпанија во Дубаи објави и информации за летови до и од Јордан, Ирак, Иран и Либан. „Емирати“ ќе продолжи да лета до Аман од недела, сите летови до и од Ирак и Иран ќе останат откажани до понеделник, додека летовите до и од Бејрут остануваат откажани до 15 октомври.

Загриженоста за можното избивање на поширок конфликт на Блискиот Исток ги натера меѓународните авиокомпании да ги прекинат летовите во регионот или да избегнат минување низ тој воздушен простор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ