четврток, 28 ноември 2024

Атлетико Мадрид го победи Лајпциг со гол во 90. минута, Елмас доби десетина минути (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со гол на Хименез во 90. минута со 2-1 го совлада Лајпциг, нашиот Елмас во игра влезе во 83. минута, немаше голови на дербито во Бергамо меѓу Аталанта и Арсенал, Барселона загуби на гостувањето кај Монако.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна лошо за шпанскиот тим, Шешко со гол уште во четвртата минута донесе предност на Лајпциг од 1-0.

Во 28. минута по асистенција на Љоренте, Гризман со волеј постигна гол за израмнување на 1-1.

Се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, но Гризман повторно стапи на сцена, овојпат во 90. минута кога асистираше до Хименез кој постигна гол со глава за победа на Атлетико Мадрид од 2-1.

Мечот меѓу Аталанта и Арсенал заврши без победник. Најголемата шанса ја имаше Ретеги кој промаши пенал, голманот Раја со чудесна двојна интервенција го одбрани неговиот удар.

Барселона со 2-1 беше поразена на гостувањето кај Монако. Каталонците најголемиот дел од мечот го играа со фудбалер помалку бидејќи Гарсија во 11. минута заработи црвен картон.

Монако поведе во 16. минута со гол на Аклиуче, но Барселона брзо се врати во игра. Во 28. минута Јамал реализираше за 1-1. Тоа беше негов прв гол во Лигата на шампионите.

Тој резултат беше актуелен до 71. минута кога Леникена даде гол за водство на Монако од 2-1 што беше и конечен резултат.

Со резултат од 2-1 славеше и Брест против Штурм. Тоа за нив беше првата победа во историјата од Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ