вторник, 22 октомври 2024

Асанж мора да плати половина милион долари за лет до Австралија, ќе собира донации

Стела Асанж, сопругата на основачот на Викиликс, Џулијан, во вторникот рече дека ќе побара помилување откако тој се согласи да се изјасни за виновен за прекршување на американските закони за шпионажа, со што стави крај на долготрајната правна сага во Британија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Асанж (52) ќе се изјасни за виновен на сослушувањето во Саипан на Северномаријанските Острови по една точка од обвинението за заговор да добие и објави доверливи документи за одбраната на САД и се очекува да биде осуден на 62 месеци затвор, што веќе ги одлежа.

Потоа ќе може да се врати дома во Австралија. Стела Асанж, адвокатката која работи за неговата кампања речиси од почетокот на неговата правна битка, рече дека е среќна поради тоа, но и лута што тој толку долго бил во затвор.

Тие се венчаа додека тој беше во затворот Белмарш во Лондон и добија две деца додека тој се криеше во амбасадата на Еквадор во Лондон. Таа рече дека ќе побара помилување бидејќи признавањето вина за шпионажа е „многу сериозна причина за загриженост“ за новинарите ширум светот.

Договорот го означува крајот на правната сага во која Асанж помина повеќе од пет години во британски затвор и седум во еквадорската амбасада во Лондон, откако Викиликс објави доверливи американски документи, најголемиот скандал од ваков тип во историјата на американската војска.

Асанж ќе треба да плати чартер лет до Саипан, а потоа и до Австралија самиот, што ќе го чини половина милион долари, па ќе започне кампања за собирање средства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ