сабота, 19 октомври 2024
Во Советот на Град Скопје

Арсовска ја поднесе иницијативата за враќање на името на улицата во Чаир, ќе ѝ треба Бадентер

Објавено на

часот

Сподели

Седницата е закажана за 31 август, потврдуваат од Град Скопје. За да биде изгласано сега преименувањето на улицата Адем Демачи во Втора македонска бригада, односно вратено името на славната бригада од НОБ, потребно е обично мнозинство од 23-цата советници. Но, исто така потребно е и мнозинство од советниците кои не се Македонци според бадентеровиот принцип.

Во изјавата што ја даде пред полициската станица во Бит Пазар, кога беше повикан за му биде кажано дека се поднесени против него две кривични пријави, градоначалникот на Чаир Висар Ганиу рече дека не верува оти ќе има храброст некој од советниците Албанци во Советот на Скопје кој ќе гласа да се избрише името на Адем Демачи. 

д

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска својата иницијатива ја најави вчера и рече дека очекува градските советници да ја исправат неправдата кон борците од Втора македонска бригада од кои повеќето ги дадоа своите животи во борбите против фашистичките окупатори за слобода на Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ