недела, 20 октомври 2024

Арсенал конечно потпиша со Калафиори (ВИДЕО)

Италијанскиот репрезентативец, Рикардо Калафиори конечно стави потпис на договор со Арсенал, лондонскиот гигант го потврди неговиот ангажман.

Објавено на

часот

Сподели

Преговорите трае долго, но на крајот завршија позитивно, онака како што сакаа Арсенал и Калафиори.

„Италијанскиот репрезентативец, Рикардо Калафиори ни се приклучи од Болоња, тој потпиша долгогодишен договор“, стои во соопштението на Арсенал.

Калафиори е централен дефанзивец кој може да игра и како лев бек.

Микел Артета го претстави и пред соиграчите каде што новиот фудбалер даде и мала изјава.

„Се разбира, многу сум среќен што сум тука. Чекав многу. Се надевам дека ќе постигнеме нешто големо оваа година“, рече Калафиори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ