сабота, 19 октомври 2024
„Топчиите“ работат на уште три зделки

Арсенал го финализира рекордното засилување од 100 милиони

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал со месеци се обидува да го ангажира Деклан Рајс и се чини дека клубот од Северен Лондон конечно ќе му ја исполни желбата на Микел Артета.

Гардијан објави дека се финализираат деталите и Арсенал е многу блиску до договор со Вест Хем за зделка која може да се искачи на 100+ милиони фунти сосе бонуси.

Со вакви бројки, Деклан Рајс ќе стане најскапото засилување во историјата на „топчиите“.

Во исто време, Арсенал работи на уште три зделки, односно ангажман на нов бек, нов централен дефанзивец и фудбалер од средниот ред.

Жоао Кансело, Иван Фреснеда, Саша Бој и Тимоти Кастањ се потенцијални имиња за нов бек, Марк Геи е кандидат за централниот дел на одбраната, а Моисес Каиседо за средниот ред.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ