Претседателката Ивановска оцени дека борбата со корупцијата и понатаму е голем предизвик.
На презентацијата на која присуствуваа вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во државава, Дејвид Гир, в.д. преставничка на УСАИД во државава, Дон Кармин беше истакнато дека силното политичко влијание, неказнивоста, недоволната транспарентност, недоволната дигитализација, злоупотребата на дискрециските овластувања, се дел од групата најризични фактори што ја поттикнуваат корупцијата во државата.
За надминување на овие ризични фактори во институциите се истакнати 54 проблеми, предложени се 111 мерки и 191 активност.
Од сите мерки и активости 40 проценти се однесуваат на секторите образование, здравство и органи за спроведување на законот.
Најнизок степен на реализација на активностите од акцискиот план на Стратегијата се забележаува кај министерствата за информатичко општетсво и администрација (МИОА) и за земјоделство и шумарство (МЗШВ), како и кај Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).
Како што беше појаснато, МИОА нема започнато со ниту една од 13 активности, Министерството за земјоделство и шумарство од 14 предвидни активности има реализирано само една, а толку реализирал и ФЗОМ од вкупно 13.
„Ако се земе предвид фактот дека овие три институции заедно имаат 40 активности што е околу 23 проценти од вкупниот број на активности за 2022 тогаш е разбирливо зошто е толку низок степенот на реализиација на активностите од Акцискиот план на Стратегијата“, истакнаа од ДКСК.