сабота, 20 јули 2024

Анкета: 11 отсто од Србите би оделе во војна за Косово

Објавено на

часот

Сподели

Во судирите со граѓаните беа повредени 30 војници на силите на НАТО, познати како Кфор, и 52 српски демонстранти.

Истражување на Демостат спроведено во Србија од 24 април до 4 мај, во кое учествувале 1.600 анкетирани, покажува дека повеќето граѓани на Србија се против каков било конфликт на Косово. Истражувањето е спроведено пред последните немири.

Според анкетата, за Косово би се бореле 11 отсто од граѓаните, додека 65 отсто се против каков било конфликт на Косово.

22 отсто од анкетираните ја гледаат Русија како сојузник на Србија, а 20 отсто во таа улога ја гледаат Европската Унија. Кога станува збор за односот кон Истоко и Западот, 30 отсто се за Русија и Кина, а 35 отсто за ЕУ, Соединетите Американски Држави и скандинавските земји.

Кога референдум за членство во Европската Унија би се одржал утре, процентот за и против е ист – 33 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ