Во изминатиот период се појавија видеа од Кут како користи дрога и како зборува лошо за Ливерпул. Последно се терети дека намерно му дал жолт картон на Алиоски, а пред натпреварот му кажал на пријател да се обложи на истото.
Кут реши да го прекине молкот и гласно да негира дека намерно му покажал жолт на Македонецот.
„Силно ги отфрлам овие лажни и клеветнички обвиненија. Без оглед на проблемите кои ги имав во приватниот живот, никогаш не влијаеле на моите одлуки на теренот. Секогаш сум го ценел интегритетот, ги судев натпреварите непристрасно и најдобро што можев“, кратко прокоментира Кут.
Суспензијата првично пристигна поради видеата на социјалните мрежи, а потоа се најде и скандалот со Алиоски и жолтиот картон. Кут во моментов не суди и чека пресуди.