вторник, 22 октомври 2024

Ангелов се сретна со првите луѓе на Управата за нуклеарна безбедност на САД

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска одржа работна средба со делегација од Министерството за енергетика на САД (ДОЕ), Национална управа за нуклеарна безбедност, предводена од Тифани Бланшард – Кејс, заменик директор на ДОЕ  и советник на министерот за глобална сигурност на материјали.

Објавено на

часот

Сподели

Цел на работната посета беше информирање за начинот на функционирање на Системот за управување со кризи (СУК), надлежнитe субјекти за радијациона и нуклеарна безбедност во РС Македонија како и продлабочување на меѓусебната соработка, соопшти ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ