вторник, 22 октомври 2024

Андоновски: Парадокс е услугите да се дигитализираат кога населението е недоволно дигитално писмено

Парадоксално е да се зборува за дигитализација на услугите во јавните институции кога „немаме доволно дигитално писмено население“, а предметот Информатика задолжително се изучува во само две одделенија во основното образование и во една година во средното, и тоа во гимназиите, рече меѓу другото денеска министерот за јавната администрација, Стефан Андоновски, на дебатата за реформа на администрацијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Ем во образование не им нудиме Информатика, критичко размислување, програмирање…, ем од друга страна очекуваме луѓето да бидат дигитално писмени. Со ова мора да се справуваме и мислам дека заложбата на министерката за образование и наука за продолжена едносменска настава ќе помогне во дополнителните часови кога учениците се во училиштата да добијат ваков вид вештини“, рече Андоновски.

Вториот парадокс, како што кажа, е тоа што над 85 проценти од граѓаните имаат пристап до интернет во своите домови и на своите мобилни телефони, но само 30 проценти од генерацијата за која се смета дека најдобро го владее интернетот или дигиталните алатки, од 18 до 40 години, сметаат дека имаат задоволителни дигитални вештини.

Едносменската настава за која се залага МОН, според Андоновски е можност учениците во дополнителните часови да ги подобрат и своите ИКТ-вештини, со оглед на недоволната застапеност на предметот Информатика во наставата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ