Карло Анчелоти минатиот месец на церемонијата во Париз на која се избираа најдобрите, ја доби наградата за Тренер на годината, па Италијанецот седна на интервју со „Франс Фудбал“.
„Не е можно во 30 години работа да носите само добри одлуки. На пример, имав една лоша токму тука во Реал Мадрид“, почна со одговорот Анчелоти на прашањето што би променил во својата кариера.
„По мојата прва година (мисли на сезоната 2014/15), бев блиску до продолжување на договорот, клубот сакаше да ме задржи, но јас притиснав силно, на Флорентино Перез му побарав голема плата и тие ги прекинаа преговорите (на крајот од сезоната доби отказ). Тоа беше грешка, најголемата што можев да ја направам. Но ми помогна да научам нешто“.