По дебаклот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, иднината на Анчелоти беше доведена во прашање, не се знаеше како ќе реагира претседателот Флорентино Перез, дали ќе го смени италијанскиот стратег или ќе продолжи со него.
„Вчера се сретнав со Флорентино Перез, тој покажа верба во мене, ми даде поддршка на мене и на мојата работа“, вели Анчелоти.
„Клубот ми гарантираше дека ќе останам, ќе го продолжиме проектот заедно, гладни за титули“.
Реал Мадрид наскоро ќе ги објави продолжувањата на договорите со Лука Модриќ, Тони Крос и Карим Бензема.
Следна цел е да се комплетира договорот со Џуд Белингем, се верува дека и тоа ќе се случи во брзо време.